Home Активности на Агенцијата за иселеништво Делегација на Агенцијата за иселеништво во посета на МПЦ „Св. Петар и Павле“во Нова Горица

Делегација на Агенцијата за иселеништво во посета на МПЦ „Св. Петар и Павле“во Нова Горица

68 views
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, присуствуваше на Акатистот кон Пресвета Богородица во МПЦО „Св. Петар и Павле“ во Нова Горица.
Веднаш по службата се одржа средба со Управниот одбор, свештеникот Дејан Миловски и раководството на МКД „Охридски Бисери“. Директорот Близнаковски информира за програмите на Агенцијата за иселеништво и повика за соработка во иднина.
Воедно ја истакна важноста на формирањето и одржувањето на Црковната Општина и упати благодарност до Римо-католичката црква за покажаната доблест при отстапување на објекти за користење на православните верници. За потребите на културното друштво МКД „Охридски бисери“, Директорот подели промотивен материјал и книги за најмладите членови.
https://www.facebook.com/iselenistvo

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво