Home Иселенички СтраниЕвропа МПЦО „Свети Наум Охридски“ од Виена ќе одржи редовно Годишно собрание

МПЦО „Свети Наум Охридски“ од Виена ќе одржи редовно Годишно собрание

60 views
ПОКАНА ЗА РЕДОВНОТО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МПЦО „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВИЕНА
🗓️Недела, 26.02.2023 г.
🙏Света Боженствена Литургија
🕘Почеток 09:30 часот
👨‍👩‍👧‍👦Собрание
🤝Почеток 12:00 часот.
Возљубени во Господа драги браќа и сестри,
⛪️МПЦО „Св.Наум Охридски“ од Виена ве информира дека во Недела, на 26. Фебруари ќе се одржи годишното членско собрание на МПЦО „Св.Наум Охридски“ Виена.
– Управниот одбор АПЕЛИРА до сите парохијани, членови и симпатизери на МПЦ и на ЦО да дојдат и активно да земат учество во работата на црковната општина во Виена.
На кратко и дневниот ред составен и потврден од ЦУО за кој во детали ќе биде потврден, усвоен и изгласан на самото собрание:
📜Дневен ред:📝
• Поздравување на гостите и отворање на собранието од страна на претседателот на ЦУО Љупчо Домазетоски
• Избор на работно раководство кое ќе раководи со годишното собрание спрема протоколот. (претседател, двајца уверувачи и записнилари)
• Молитва и поздрав од свештеник.
• Извештај од страна на претседателот Љупчо Домазетоски за остварените проекти и идни планирани зафати.
• Финансиски извештај за изминатата 2022 год. од страна на благајникот Борис Киселоски.
• Краток извештај и резиме од страна на секретарот Роберт Петрески во изминатата 2022 год. за остварените контакти, дејности и работата на ЦУО.
• Краток извештај на контролниот одбор и советодавниот одбор во текот на 2022 год. во ЦУО.
• Прашања за извештаите.
• Разно (прашања и дискусии)
• Затворање на годишното собрание
☝️Мала поука …
Нашите обврски како Македонци овде во дијаспората најдобро ги знаеме а тоа се достоинствено представување на нашето духовно, културно и опшествено историско наследство на нашата татковина Р.Македонија.🇲🇰
Секој еден од вас ја има таа обврска спрема самиот себе, спрема родната земја за таа амбасадорска мисија и спрема другите во Р.Австрија.🇦🇹Секој еден од нас може лично да помогне на било каков начин. Најголемата помош не е финансиската како што можеби многумина мислат, најголемата помош е освестувањето, будењето, љубовта кон своето и прифаќањето на тоа што го имаме како нешто драго и скапоцено.
🤝Со заеднички сили можеме многу повеќе да постигнеме а кога ќе созрее времето ќе никне и нов Македонски Православен Храм кој ќе биде за гордеење за сите Вас и Вашите поколенија кои земале активно учество во работата и градењето, за да достоинствено и со крената глава пристапиме и се помолиме кон Бога🙏
Сето тоа не зависи од никој друг – него само од нас Македонците!😉
Со почит,
ЦУО при МПЦО „Свети Наум Охридски“ Виена

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво