Home Иселенички СтраниЕвропа Охрид и Париз го чествуваа големиот македонски научник д-р Анастас Коцарев

Охрид и Париз го чествуваа големиот македонски научник д-р Анастас Коцарев

62 views

Чествувањата на Коцарев беа заокружени вчера со комеморативна церемонија одржана на неговиот гроб во париската општина Бонди, на која меѓу другите присуствуваа градоначалниците на Охрид, д-р Кирил Пецаков и на париската општина Бонди, Стефен Ерве, како и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев и членови на семејството Коцареви од Охрид.

Градоначалникот на Охрид, Пецаков, го потенцираше значењето на делото на д-р Анастас Коцарев како една ретка и уникатна приказна на човек кој му подарил „големо нематеријално наследство“ на светот и најави низа иницијативи кои во координација со општина Бонди ќе се реализираат етапно, од именување улици и објекти во двете општини со неговото име, обележување на местата каде живеел и творел, до подготовки за пренесување на гробот на научникот во Охрид и отворање на музеј во неговиот роден град.

Повеќе можете да прочитате ТУКА

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво