Home Вести Сребро и бронза освои македонскиот тим на 17. Математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа

Сребро и бронза освои македонскиот тим на 17. Математичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа

52 views

На 17. Mатематичка олимпијада за студенти од Југоисточна Европа со меѓународно учество (SEEMOUS 2023), во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Математичкото друштво на Југоисточна Европа (MASSEE), која се одржа од 7 до 12 март во Струга, Македонија, македонскиот тим освои еден сребрен и еден бронзен медал.

Сребрениот медал го освои Лука Хаџи-Јорданов, а бронзениот медал го освои Марија Стојковска, студенти во втора година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје.

Македонија успешно ја претставија и студентите Христина Митревска, Дамјан Георгиевски и Ангела Јакимовска, студенти во прва година на Институтот за математика при ПМФ, УКИМ, Скопје. Водач на екипата беше Илија Јовчески, а заменик-водач Никола Велов.

Честитки за постигнатиот успех!

Фото: Сојуз на математичари

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво