Home Иселенички СтраниЕвропа 15-то духовно- туристичко патување на ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ Пчињски округ -Врање

15-то духовно- туристичко патување на ЗГМНЗ „Гоце Делчев“ Пчињски округ -Врање

by Марко Стоименовски
64 views

15-то духовно- туристичко патување !

ЗГМНЗ,,Гоце Делчев,,Пчињски округ -Врање на 23/24.09.2023 година реализира самофинансиран проект.

Добро испланирано духовно туристичко патување, со досега најдобра содржина.  Во склоп на дводневното патување беше  остварено кружно патување со 60 членови и пријатели на Македонија.

И се започна во утринските часови на 23.09.2023.година, со организиран превоз тргнавме испред светото место во Врање, храмот „Св.Троица“ со членовите и пријателите  од Сурдулица-В.Хан-Врање-Бујановац, и така покрај Катланово-Велес-Прилеп и прва точка разгледување на нашата преубава Битола/широк сокак-црквата „Св.Димитрија“, Хераклеј, Саат кула, сместување во Крани, и не би било она што не сплотува во ресторанот Галакси – Претор до утринските часови со  прекрасна македонска вечер со  музика се пееше и играше.

Вториот ден поминување низ Ресен, град познат по јаболката, пристигнувањето во Охрид беше во утринските часови. Охрид убав и секогаш убав.

Патувањето продолжи покрај Струга-Дебар, езероо Глобочица, манастирот Рајчица и посета на прекрасното свето место „Св.Јован Бигорски“ кој сите што го посетија ги остави со молк и вера во Господ.

Патувањето продолжи  преку Гостивар-Тетово-Скопје -Куманово и фала Боже живи и здрави стигнавме во своите домови.

Социјалните мрежи беа исполнети од впечатоците и со благодарност од сите патници што беа дел од ова духовно-туристичко патување.

Извинување до  сите што сакаа да бидат со нас но поради капацитетот на автобусот не беа со нас.

Нашата порака е :„Животот е еден и тој не е вреден ако не го живееш!“

Со Господ Напред!

Известува

Претседател на Собранието на ЗГМНЗ „Гоце Делчев“

Пецо Ристески

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво