Home Вести Асфалтирање на улици во Марино, општина Илинден

Асфалтирање на улици во Марино, општина Илинден

73 views

Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден. Денеска асфалт добија 4 краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800м2.

Увид на терен за работните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа е подобрување на патната инфраструктура. Денеска се асфалтираше на краци од улица „531“, а работните активности во наредниот период ќе продолжат во населено место Кадино.

Во изминатиот период асфалтирани се 9 краци на улица „11“ во Илинден, крак на улица „9“ кој се наоѓа позади црквата Свети Константин и Елена , крак 10 на улица „11“, а покрај асфалтирање се работи и на тампонирање и санација на улици. На овој начин се подобрува патната инфраструктура, како и квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден.

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво