Home Иселенички СтраниЕвропа Во Нови Сад одржана свечена академија по повод 8 Септември

Во Нови Сад одржана свечена академија по повод 8 Септември

by Марко Стоименовски
64 views

Во Културниот центар на Нови Сад – Трибина на младите  на 06.09.2023. година се  одржа Свечана академија   по повод  Денот на независноста на Република Северна Македонија. Организатор на Свечаната академија, беше Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад. Свечаната академија е во рамките на ,, 17-та Манифестација Денови на македонската култура’’.

Програмата почна со интонирање на двете химни: на Република северна Македонија и Република Србија.

Организаторката на програмата Васка Чергоска ги  поздрави присутните гости и  истакна дека  во историјата на секој народ постојат датуми што се издвојуваат како вистински светилници на патот кон развојот на националниот  идентит.

 

И ние во дијаспората, како и нашите граѓани во матичната држава , го одбележуваме овај значаен празник за нашата татковина. Да живее Денот на независноста на Република Македонија.

Нејзината екселенција, гопоѓа Михаела Веселинов, се обрати со зборовите: 

,,Ми представува особена чест и задоволство што денес во Нови Сад можиме да го одбележиме 8-ми септември

Денот на независноста на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија одбележува 32 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Пред три децении македонските граѓани на осми септември 1991 година на нашиот трет Илинден, храбро и решително и одговорно го оствариа вековниот сон на нашите предци за слободна независна и суверена држава.’’

 

Се обрати и помошничката на Покраинскиот секретар за култура госпоѓа  Јелена Добровиќ Бојановиќ: ,,Голема ми е чест и задоволство што сум оваа година со вас и што можам со достоинство да кажам дека манифестацијата „Денови на македонската култура во Нови Сад” значајно придонесува на промоција на културата и јазикот на македонската национална заедница која е една во спектарот на различни национални заедници во Војводина. Покрајинската Влада, како и самиот Секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници, давајки , сесрдна поддршка за работа на македонскта заедница во период од 2016 година до 2023. година суфинансираше и директно финансираше медиумски проекти на македонска национална заедница со преку 50 милиони динари.”

Потоа в.д. Помошничката на  покрајинског секретар  за националне малцинства – националните заједници-  госпоѓа Милинка Хрчан истакна: ,,Мило ми е што повторно ве гледам како не уморни борци за зачувување на духовните вредности на македонскиот народ. Во светот на површна и лака заработка вие како Давид кој стои пред Голиат нормално и совесно со многу напор, вера и љубов а верувам и одрекнивања ги негувате обележбите на својот народ. Како одговорен родител вложувате да своја традиција и култура вградите во помладата генерација со јасна и искрена намера и да во нивните срца се вградат правите вредности достојни на човековото битие кое е горд дел од мултикултуралната и мултиконфесиноналната мозаичка разновидност на Војводина.’’

 Во име на Националниот совет,  се обрати Директорот на Македонскиот информативен и издавачки центар, господинот Озрен Симјановски : ,,Ви ги пренесувам поздравите од претседателот Борче Величковски кој од оправдани причини не можеше да присуствува на оваа Манифестација поради тоа што овај важен ден го одбележуваме не само во Нови Сад туку и во Краљево, Ниш и во другите градови, така да се распоредивне да секаде ги поддржиме нашите организации. Мене ми е посебна чест и задоволство што сум во Нови Сад каде многу ја ценам госпоѓата Васка од локалната организација „Кирило и Методиј„ од една страна, но од друга страна јас  во минатото бев студент на Новосадскиот универзитет. Сигурен сум дека програмата ке биде квалитетна како и сите овие предходни години и дека Нови сад и покрај тоа што го викаат српска Атина,  е град од кој почна да се развива македонската заедница во Србија пред дваесетина години.

 

Убавините на нашата прекрасна Македонија опеани се проткаени во многу уметнички дела на нашите познати автори, а меѓу кои е и Анте Поповски, македонски поет со песната ,,МАКЕДОНИЈА,” чии стихови вечерва ќе ги чуеме во интерпретација на госпоѓа Соња Мициќ.,која прекрасно ги интерпретира: О, еве ја таа проста земја од грч и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да шепотат на

македонски

А никој не ја знае.

Настапи Трио ,, ЕСПАНЗИВО” ученици од Музичкото училиште ,,Исидор Бајић од Нови Сад:  во состав: Марија Бадњар – виолина, Хана Семниќ – виолончело и Лука Шашиќ – клавир,  кои   ја  изведоа     ,, Есен   од композиторот  Астор Пиацола .

Исцрпен осврт за значењето на  Денот на независноста  на Р. С.Македонија  одржа Сандра Субиќ, мастер професор од   Нови Сад.

Уживаме во звуците на македонскиот мелос изведени на старите народни инструменти.

Членот на Пеачката група Исток 10 од Вршац, Дарко Ристески  се представи со соло изведба на кавал, со песната Зајди, зајди, а  потоа Пеачката група, под диригентство на госпоѓа Биљана Петричевиќ,  ги отпеаа  песните:   Илчовице млада невесто и Бог да бие Тино.

Повторно убава интерпретација на стиховите во изведба на Соња Мициќ  од песната „ОСМИ СЕПТЕМВРИ“. : Нека ни е вечна

државата мила ,

што сите македонци

во прегратка ги свила

 

 

Пеачката група Исток 10 од Вршац со нивни солисти. Во изведба на Пеачката група овој пат ќе ги слушнеме изворните македонски песни :

Брала Јана капини и Подигни си бре невесте дулачето.

дуетот Дарко Ристевски  и Илија Пауновиќ  ја изведоа песната:

Ја стани Вено и Прошета се Јовка Кумановка

Анѓелија Стојановиќ  ни се представи со духовната песна „Разумна  молитва“,

Настапот  заврши  со духовната песна: „Среде пустинската убост“.

И прекрасното оро на хармоника во изведба на солистот  Ненад Ѓорѓевиќ.

Со песната „ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА“ во интерпретација на Владо Јаневски, заврши Свечаната академија.

Текстот го припреми

Васка Чергоска

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво