Home Истакнати иселеници Ирена Ангеловска, докторанд во Нов Зеланд: „И оние што не знаеле за македонска песна,учат да ја пеат и да ја свират“

Ирена Ангеловска, докторанд во Нов Зеланд: „И оние што не знаеле за македонска песна,учат да ја пеат и да ја свират“

59 views

Горда сум што можев да останам своја меѓу сите луѓе во Нов Зеланд, да го формираме Македонскиот камерен хор, во секоја можност да запееме македонска песна и да кажеме кои сме во едно кобно време за Македонците, вели Ангеловска.

Од македонските народни евергрини „Битола мој роден крај“, „На Струга дуќан да имам“, „Македонско девојче“, па преку делата на Шуплевски, Гајдов, Прокопиев, Фирфов, Зографски и други, битолчанката Ирена Ангеловска, докторанд на Универзитетот во Окленд, ја шири македонската музика во Нов Зеланд. Во оваа островска земја, во југозападниот дел од Тихиот Океан, оддалечена илјадници километри оттука, оваа вредна Македонка и нејзиниот сопруг го формираа Македонскиот камерен хор со единствена цел да ја промовираат и зачуваат македонската музика, култура и традиција. Исто така, учествувајќи во други меѓународни музички проекти, таа не ја испушта можноста да настапи со наша мелодија, притоа поттикнувајќи музичари од други националности и култури да пеат и да свират македонски мелос.
– Во Нов Зеланд живеат луѓе од многу култури. Културната разновидност има значајно место во општеството и се одржуваат многу фестивали. По посетата на неколку такви, со мојот сопруг решивме да покренеме иницијатива за создавање Македонски камерен хор. Во декември 2022 година го имавме и нашиот прв концерт, кој беше одлично прифатен од публиката. Во блиска иднина со хорот ќе имаме неколку настапи со кои дополнително ќе придонесеме за промоција на македонската култура во Нов Зеланд, а овој месец започнуваме и со подготовка на новиот материјал за следниот концерт – вели Ангеловска.
Повеќе можете да прочитате ТУКА

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво