Home Иселенички СтраниЕвропа Поделени подарок пакети за Божикните и новогодишните празници

Поделени подарок пакети за Божикните и новогодишните празници

104 views

Вчера на 09.12.2023 година во салата „Тоше Проески“ во Загреб, во организација на наставничката по македонски јазик модел Ц, почитуваната наставничка госпоѓа Деспина Белчевска Велинска и Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, се одржа прекрасно дружење на кое на децата им беа поделени подарок пакети за Божикните и новогодишните празници.

Покрај тоа за децата приредивме големо изненадување. Тие 14 дена се подготвуваа да ја испеат песната „Моја Македонија“ од Давид Темелков и вчера, кога почнаа да ја пеат, пејачот лично ги изненади со своето доаѓање. Заедно ја испеаја неговата песна и не можам да ви опишам каква возбуда беше тоа за децата, а од друга страна нам на родителите ни се стегна грлото, а солзите ни течеа од длабината на нивните гласови кои секој стих од песната го пееја од душа и нѐ одведоа таму каде што е нашата татковина…нашата Македонија. Јас, како родител Македонец, веднаш пред очи ги видов моите родители Македонци и мислам дека можам да бидам горд на мојата внука како ѕвонко ги изговара стиховите кои повикуваат на љубов, на враќање на сонцето кое ја грее нашата Македонија … среќен сум што мојата ќерка ја прифати Македонија како своја и со одлуката да учи македонски јазик, ја прошири душата за вредност која душата ја прави голема.

Почувствував потреба овој настан да го споделам со вас, а би сакал и сите Македонки и Македнци во целиот свет да ја видат оваа антологиска и историска снимка, сите да видат и почувствуваат како е кога љубовта кон песната, невините детски гласчиња и души ќе се спојат и сѐ ќе стане чудесен волшебен момент во кој Македонија љуби, дава и прима.

Господ да ве чува и благослови на вашиот пат и работа.

Ви посакувам секое добро за Божик и Нова година.

Колку што можам овие слики и видеа ќе ги поделам секаде по светот, секаде каде може Македонките и Македонците да видат како е во Хрватска и како децата пеат во чест на својата татковина.

Срдечен поздрав,

Иван Димоски

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво