Home Култура Говорете македонски 06

Говорете македонски 06

by trinitymedia
72 views

Сепак најмногу го мачеше понижењето.

Сепак, најмногу го мачеше понижувањето.

 

Одненадеж, многу озбилно го погледна човекот до него.

Одненадеж, многу сериозно го погледна човекот до него.

 

Ја доби подршката од семејството за сите свои идеји.

Ја доби поддршката од семејството за сите свои идеи.

 

Многу од нас едвај ја дочекаа пролета.

Многумина од нас едвај ја дочекаа пролетта.

 

Зоран беше сигурен дека оделни ставови на другар му се сосема противни на неговите.

Зоран беше сигурен дека одделни ставови на другар му се сосема спротивни на неговите.

 

Секоја година учествуваше на интернационалниот натпревар по пеење.

Секоја година учествуваше на меѓународниот натпревар по пеење.

 

На почетокот на деведесетите многу диско музиката почна да исчезнува.

На почетокот на деведесеттите многу диско музиката почна да исчезнува.

 

На секој му треба малку потик во работата.

Секому му треба малку поттик во работата.

 

Зачудено ја гледаше девојката со лилјакова коса.

Зачудено ја гледаше девојката со виолетова коса.

 

Таа се смееше ретко скоро никогаш.

Таа се смееше ретко, речиси никогаш.

 

Заклучи дека почита многу тешко се стекнува.

Заклучи дека почитта многу тешко се стекнува.

 

Прашањето беше премногу озбилно и ако пробеше да се нашали, таа ќе се осеќаше понижена.

Прашањето беше премногу сериозно и ако се обидеше да се пошегува, таа ќе се чувствуваше понижена.

 

Ти не си некој што потикнува на дружење, додаде наеднаш неговиот соговорник.

Ти не си некој што поттикнува на дружење, додаде наеднаш неговиот соговорник.

 

Весникот општествено – критички посматра на состојбите.

Весникот општествено – критички набљудува на состојбите.

 

Лежеше буден во темницата и го посматраше нејзиниот лик.

Лежеше буден во темнината и го набљудуваше нејзиниот лик.

 

Рече дека се осеќа како вреќа скапани кромпири.

Рече дека се чувствува како вреќа скапани компири.

 

Успеавте да ми ја разбудите радозналоста.

Успеавте да ми ја разбудите љубопитноста.

 

Излегоа од колата и пријателот покажа кон север.

Излегоа од автомобилот и пријателот покажа кон север.

 

Куќата може да се види од прозорот на горниот спрат.

Куќата може да се види од прозорецот на горниот кат.

 

Неговото знаење многу допринесе за развитокот на фабриката.

Неговото знаење многу придонесе за развојот на фабриката.

 

Пробаше вредно да работи, но не можеше да се концентрира.

Се обидуваше вредно да работи, но не можеше да се сконцентрира.

 

Сите, разбира се, се собраа на полјаната.

Сите, се разбира, се собраа на полјаната.

 

Ја барав цела есен, дури и откако потрагата беше укината, а луѓето дигнаа раце.

Ја барав цела есен, дури и откако потрагата беше прекината, а луѓето кренаа раце.

 

Беше касен септември и водата беше многу ладна.

Беше доцен септември и водата беше многу студена.

 

Книгата беше напишана на непосереден и занимлив јазик.

Книгата беше напишана на непосереден и интересен јазик.

 

По речиси пола саат, девојката се врати дома.

По речиси половина час, девојката се врати дома.

 

Зборуваа дека девојката има праволинејно мислење.

Зборуваа дека девојката има праволиниско мислење.

 

Во дното на спалната имаше висок гардероб од ковано железо.

Во дното на спалната имаше висок гардеробер од ковано железо.

 

Тоа е најубав начин за опремање на куќата.

Тоа е најубав начин за опремување на куќата.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво